Два дена „Зимски фудбалски радости“ за ученици од Кочани и Виница

08 Фев 2019
214 пати

Во Спортската сала „Никола Карев“ во Кочани започнаа игрите од проектот „Зимски фудбалски радости“,

на кои учествуваат ученици од второ, трето, четврто и петто одделение од Кочани и Виница.
– Целта на проектот е учениците низ игра и забава да ги совладаат фудбалските елементи и вештини и да ги подобрат нивните психомоторни и функционални способности. Игрите се реализираат во два дела од кои првиот е совладување на вештините, а вториот е натпреварување. Настанот е дводневен, денеска работиме со учениците од второ и трето, а утре со четврто и петто одделение – соопшти Зоран Андонов, претседател на Сојузот на училишен спорт – Кочани.
На отворањето на игрите, присутните ги поздрави градоначалникот Николчо Илијев.
Во игрите се опфатени основните училишта „Никола Карев“ од Кочани, „Крсте Мисирков“ од Оризари и „Славчо Стојменски“ и „Гоце Делчев“ од Виница, кои се вклучени и во проектот „Фудбал во училиштата“.
Проектот се реализира во 21 општина во Република Македонија со поддршка од УЕФА и ФФМ, а во реализација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.