Голманот Ковачевиќ прво засилување на ГФК „Осогово“

04 Фев 2019
66 пати

ГФК Осогово ја информира пошироката јавност и своите фанови дека го официјализираше првото

засилување во зимскиот трансфер период.
Станува збор за младиот и талентиран голман, Стефан Ковачевиќ, кој доаѓа од редовите на „Академија Пандев“. Момче родено 2000 година, во кое полагаме искрени надежи дека во иднина ќе прерасна во чувар број еден на голот на „жолто-сините“. Пролетва низ настапите во Трета лига ќе се обиде да избори први минути на еден натпревар во сениорска конкуренција, се вели во соопштението на „жетварите“ од Кочани објавено на официјалниот сајт на клубот.
„Како за секој млад фудбалер од Кочани, така и мене од секогаш ми беше желба еден ден да бидам дел од сениорскиот тим на Осогово. Мое е да работам максимално и посветено, млад сум, чекор по чекор, резултатите ќе дојдат“, изјави Ковачевиќ.
Стефан е голман кој потекнува од ФК „Кочани“, каде што своевремено помеѓу првите тренери му беше сегашниот стратег на Осогово, Александар Андов. Потоа, кариерата во младинските категории ја градеше во „Брегалница“ од Штип и „Академија Пандев“ од Струмица од каде што доаѓа во Кочани.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.