Во Лесковац – Злато екипно во кати и борби за блатчани

18 Дек 2018
118 пати

Викендов во Лесковац, во организација на карате клубот “SENSEI“ се оддржа 14-от Меѓународен карате турнир

“Трофеј Лесковац 2018“ на кој учествуваа екипи од повеќе балкански држави,а во конкуренција со своите балкански врсници се натпреваруваа и три девојчиња од клубот “Блатец“, од Блатец, кои и овојпат се покажаа како најдобри во својата конкуренција.
Во екипна конкуренција во состав: Ања Георгиева, Нина Пискунова и Марија Данилова во кати и борби го освоија златниот медал . Марија Данилова и Нина Пискунова и во поединечна конкуренција ги совладаа своите противници освојувајќи го првото место, а Ања Георгиева освои бронза . Во краток временски интервал, ова е втор позначаен успех на младите каратисти од клубот “Блатец“ а под менторство на Дончо Јангелов.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.