На Балканскиот куп во Ниш – Три златни медали за кик боксерите на „Лидер“

18 Дек 2018
49 пати

Јане и Јани Постолов , како и Лука Змејковски дефинитивно се асови во својата конкуренција од Балканот.

Три златни медали за клубот “Лидер“ од Виница, на Балканскиот куп “Најдобрите на Балканот“ којшто се оддржа во Србија (Ниш), а на кој учество зедоа кик бокс клубови од сите балкански земји, но и клубови од Австрија, Унгарија или вкупно 15 земји учеснички. Кик бокс клубот “Лидер“ на овој натпревар зеде 3 први и едно трето место. Третото место и припадна на Џесика Арсова.
Тренерот Дарко Гоцевски истакна дека е презадоволен, “бидејќи на овој натпревар кој е најмасовниот во кик бокс, имаше доста квалитетни учесници, а нашите најмлади шампиони покажаа уште еднаш дека се најдобри на Балканот и пошироко во нивната конкуренција“.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.