Телеграма со сочувство по повод смртта на олимпиецот Коце Ефремов

09 Окт 2018
26 пати

Со длабоко жалење ја примивме веста за смртта на борачката легенда Коце Ефремов. Дозволете од мое лично име

и од име на граѓаните на Кочани, да ги упатиме изразите на најдлабоко сочувство.
Со постигнатите спортски резултати, Ефремов го прослави Кочани низ светот, а борењето го издигна на пиедесталот на најтрофејните спортови. Со „Спартак“, со олимписките и медитеранските медали и учествата на европските и светските натпревари беше мотив на многу нови генерации борачи.
Кочани со гордост ќе се сеќава на врвните спортски успеси на македонскиот олимпиец.
Дозволете уште еднаш да изразиме искрено сочувство за починатиот Ефремов и огромна почит за неговите спортски достигнувања.


Градоначалник на Општина Кочани,
Николчо Илијев

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.