Кочански спортски риболов - Единаесетгодишниот Давид Коцев им одржа лекција на поискусните

08 Окт 2018
328 пати

Вчера на езерото „Градче“ се одржа Општински натпревар во риболов на тапа на кој учествуваа 82 - ца

рибари. Со вкупен улов од 3, 120 килограми на пиедесталот највисоко се искачи 11-годишниот Давид Коцев. Втор беше Томе Илиев со уловени вкупно 3, 000 килограми риба, а третото место му припадна на Драган Ѓеорѓиев со фатени 2, 950 килограми.
Претседателот на СРЗЕК „Кочански рибар“ - Кочани, Димитар Димитров, за Радио Кочани изјави дека е презадоволен од учеството и организацијата на натпреварот и дека ваквите настани ќе станат традиција и ќе се организираат секоја година. Честитки за најдобрите и за сите учесници на овој спортски риболовен настан, на кој уловот се врати назад во езерото.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.