Почина боречката легенда Коце Ефремов

08 Окт 2018
724 пати

Ненадејно во Кочани (7 октомври) почина еден од најдобрите борачи на БК Спартак и спортистот

на векот на градот, истакнатиот репрезентативец на Југославија, Коце Ефремов.

Борачот на БК Спартак Коце Ефремов беше член на југословенската репрезентација на Медитеранските игри во Сплит во 1979 година. Го освои златниот медал во борење – слободен стил во категорија до 48 килограми. Како репрезентативец на СФРЈ учествуваше и на Олимписките игри во Москва во 1980 година и го освои седмото место.
Погребот е денеска (8 октомври) во Кочани од 12-14 часот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.