РК „Младинец“ - Реагираме на распределбата на термините во спортската сала на ОУ „Никола Карев“

27 Сеп 2018
794 пати

Ракометниот клуб „Младинец“ од Кочани јавно реагира во врска со распределбата на термините за

користење на спортската сала на ОУ „Никола Карев“. До нашата редакција со писмо се обрати Димитар Филипов, претседател на ракометниот клуб од Кочани. Неговиот приговор го објавуваме во целост. Доколку ОУ „Никола Карев“ побара да ја објасни целата ситуација во врска со распределбата на термините за спортската сала, Радио Кочани ќе обезбеди простор на својата вебстраница толку колку што му е птребен на училиштето.
Еве што напиша Филипов:
П Р И Г О В О Р за распределбата на термини за спортските клубови во ОУ „Никола Карев“ - Кочани


Четвртта година по ред, Ракометниот клуб Младинец 2015 од Кочани со истите или слични проблеми околу доделувањето на термините во салата во ОУ Никола Карев.
Покрај навремено поднесеното барање за добивање на соодветни термини како и претходната година, покрај правото на предност на добивање на термини на спортските екипи кои ја користеле салата и претходната 2017/18 година пропишано во договорот, покрај тоа што е нагласено дека ова е единствената сала во градот коja што ги исполнува условите за непречено одржување на тренинг и натпревари, покрај тоа што сме единствен клуб во градот што се занимава со овој спорт – ракомет и успешно го претставува нашиот град (претходната сезона во пионерска и кадетска лига при Ракометна федерација на Македонија), сепак директорката на ОУ „Никола Карев“ Билјана Петрова на своја рака ги определува и доделува термините иако во училиштето има одлични спортски работници со кои би можела да консултира.
Би сакале да Ве потсетиме дека во претходните три сезони по ред (2015/16, 2016/17 и 2017/18) имавме договор за издавање на училишен простор – сала.
Во договорот според Член 6, по истекот на рокот за кој е склучен договорот, при повторно издавање под закуп на училишниот простор – спортска сала, закупопримачот ќе има предност.
Според Член 7 од договорот, за се што не е предвидено со овој договор, важат одредбите од Законот за облигациони односи.
Оттука, според Член 8 договорените страни се согласи споровите кои би настанале по одредбите на овој Договор да ги решаваат спогодбено, во спротивно стварно и месно ќе биде надлежен Основниот суд Кочани.
За првпат се случува дел од термините да бидат доделени на клуб кој што е регистриран во друга општина и се натпреварува за друга општина, а локалните спортски клубови да бидат игнорирани и да останат без термини, или термини доделени во доцните часови иако станува збор за тренинг и натпревари на малолетни лица (деца до 14год).
Би сакал да ја запознаам јавноста и јавно да ја прашам директорката, зошто се фаворизира клуб кој што не е од нашата општина (клуб кој се занимава со спорт во кој имаме 2 локални спортски клубови), клуб кој се занимава со спорт кој тренинзите може да ги одржува и во било која друга сала во градот, а се запоставуваат локалните спортски клубови кои вооедно се и одличен репрезент на нашиот град и нашата општина?
Штета би било, децата кои што упорно 3 години го тренираат најпопуларниот спорт во државата – ракометот да останат без соодветни термини, да бидат во неможност да ги одигруваат своите натпревари и да бидат спречени во својот пат кон успехот, поради нечие лично задоволство.

,

Претседател на
Ракометен клуб „Младинец 2015
Димитар Филипов

Оценете ја оваа вест
(4 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.