В четврток, велосипедско дефиле низ Кочани по повод Светскиот ден без автомобили

19 Сеп 2018
218 пати

Со велосипедско дефиле низ градот, в четврток, на 20 септември, Општина Кочани и Спортскиот клуб „Тркало“

од ОУ „Раде Кратовче“ ќе го одбележат Светскиот ден без автомобили.
Дефилето „Сите на велосипед“ ќе започне во 11:30 часот, пред зградата на Општина Кочани. Во него е најавено учество на околу 130 учесници, пред сè од основните училишта во Кочани.
Велосипедистите ќе се движат по „Кеј на Револуцијата“, „Теодосија Паунов“ до СОУ „Гошо Викентиев“, каде ќе свртат и по истата улица ќе се движат до кружниот тек, од каде ќе продолжат по улицата „ВМРО“ и дефилето ќе го завршат во Трговскиот центар.
Со овој настан, учесниците во дефилето сакаат да испратат порака до сите жители на Кочани да користат модели на транспорт што не го загадуваат воздухот и да се определат за здрав начин на живеење.
Во дефилето можат да се вклучат сите заинтересирани граѓани кои сакаат да дадат поддршка на одбележувањето на Светскиот ден без автомобили.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.