ГФК „Осогово“ – Донесени осум нови фудбалери

04 Авг 2018
218 пати

ГФК Осогово во пресрет на почетокот на подготовките за новата сезона во Третата фудбалска лига Исток

ги промовираше осумте нови засилувања.

Откако претходно на клубот му пристапија Ѓорѓи Јованоски иХристијан Каралиоски, вчера како нови фудбалери на „жолто-сините“ се промовирани уште шест.

Од екипата на Победа Прилеп пристигна 19-годишниот Стефан Спиркоски кој игра во дефанзива на централната, но и на бековската позиција. Од истиот прволигаш пристига и неговиот врсник Теофан Илијоски Кисески кој игра на позицијата последен играч за врска. Прилепчанец е и 19-годишниот напаѓач Филип Димоски кој доаѓа од Победа.
Кон нашиот клуб пристапија и браќата Рајатоски. Марио со 20-години е постариот и игра на крилните позиции, а доаѓа од тимот на Победа Валандово додека помладиот 17-годишен Андреј е напаѓач и играше за Њу Старс.
Последен од низата засилувања е и Владимир Величковски кој е 18-годишен напаѓач кој доаѓа од тимот на Студена Вода, Куманово.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.