Започна „Петровденскиот турнир во мал фудбал“ ( со распоред)

06 Јул 2018
424 пати

Синоќа во 19 ч. со натпреварите што ќе се одиграат на две игралишта на локацијата кај Гимназијата и

на улицата „Скопска“, започнува овогодишниот „Петровденски турнир во мал фудбал“.
– Годинава се соочивме со голем интерес од страна на екипите за учество во турнирот. Направивме измени во досегашната концепција, го зголемивме фондот на наградите, а вклучивме и спонзорства. Се потрудивме да ги подобриме условите за игра на теренот, но и за публиката. Одржавме состанок со вклучените во организацискиот дел за да истакнеме дека почитувањето на правилата во играта се многу важни за да помине сè во најдобар ред – соопшти градоначалникот Николчо Илијев.
Илијев истакна дека Петровденскиот турнир во мал фудбал е турнир за забава и за промоција на рекреацијата, и имајќи го предвид интересот, во иднина ќе се размислува за организација на овој настан на уште повисоко ниво.
На турнирот ќе учествуваат 22 екипи, а започнува ден подоцна поради вчерашните обилни врнежи од дожд.
Одговорното лице од Општина Кочани за организација на турнурот, Александар Зафиров, најави дека при неповолни временски услови во термините за одигрување на натпреварите, тие ќе се одложат за следниот временски поволен ден. Известувањата за измените во распоредот и сите други важни информации, како за напреварувачките екипи, така и за публиката, ќе бидат објавени на веб-страницата и на социјалните мрежи на Општина Кочани.

ПЕТРОВДЕНСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ – 2018
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

5 ЈУЛИ
ЛОКАЦИЈА: ГИМНАЗИЈА
19 ч. Такси Џокер – Бразил Штип
20 ч. Уни Паб – Антура
21 ч. Кофи Хаус – Паблик Бет Делукс
22 ч. Екстра Фунги – Грга Транс
23 ч. Клариса Балкан – Генекс


5 ЈУЛИ
ЛОКАЦИЈА: ГРАДИНКА (на ул. „Скопска“)
19 ч. Мега Спорт – Спортисти
20 ч. Деликатес – Амфенол
21 ч. Балкан Лукс – Филип Интернационал
22 ч. Ледер – ИНТ
23 ч. Шери – Олимпик


6 ЈУЛИ
ЛОКАЦИЈА: ГИМНАЗИЈА
19 ч. Амфенол – Мега Спорт
20 ч. Балкан Лукс – ИНТ
21 ч. Спортисти – Шери
22 ч. Ледер – Меџик
23 ч. Олимпик – Деликатес


6 ЈУЛИ
ЛОКАЦИЈА: ГРАДИНКА
19 ч. Бразил Штип – Кофи Хаус
20 ч. Екстра Фунги – Антура
21 ч. Паблик Бет Делукс – Клариса Балкан
22 ч. Уни Паб – Фабијан
23 ч. Генекс – Такси Џокер


7 ЈУЛИ
ЛОКАЦИЈА: ГИМНАЗИЈА
19 ч. Кофи Хаус – Такси Џокер
20 ч. Екстра Фунги – Фабијан
21 ч. Бразил Штип – Клариса Балкан
22 ч. Грга Транс – Антура
23 ч. Паблик Бет Делукс – Генекс

7 ЈУЛИ
ЛОКАЦИЈА:ГРАДИНКА
19 ч. Мега Спорт – Деликатес
20 ч. Балкан Лукс – Меџик
21 ч. Амфенол – Шери
22 ч. Филип Интернационал – ИНТ
23 ч. Спортисти – Олимпик


8 ЈУЛИ
ЛОКАЦИЈА: ГИМНАЗИЈА
19 ч. Спортисти – Амфенол
20 ч. Ледер Филип Интернационал
21 ч. Деликатес – Шери
22 ч. ИНТ – Меџик
23 ч. Мега Спорт – Олимпик

8 ЈУЛИ
ЛОКАЦИЈА: ГРАДИНКА
19 ч. Паблик Бет Делукс – Бразил Штип
20 ч. Уни Паб – Грга Транс
21 ч. Такси Џокер – Клариса Балкан
22 ч. Антура – Фабијан
23 ч. Кофи хаус – Генекс

9 ЈУЛИ
ЛОКАЦИЈА: ГИМНАЗИЈА
19 ч. Такси Џокер – Публик Бет Делукс
20 ч. Уни Паб – Екстра Фунги
21 ч. Бразил Штип – Генекс
22 ч. Грга Транс – Фабијан
23 ч. Кофи Хаус – Клариса Балкан


9 ЈУЛИ
ЛОКАЦИЈА: ГРАДИНКА
19 ч. Деликатес – Спортисти
20 ч. Ледер – балкан Лукс
21 ч. Амфенол – Олимпик
22 ч. Филип Интернационал – Меџик
23 ч. Мега Спорт - Шери

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.