За претстојниот „Петровденски турнир“ – се уредува теренот за мал фудбал

03 Јул 2018
308 пати

Теренот за мал фудбал во дворот на Средното училиште „Љупчо Сантов“ се подготвува за претстојниот „Петровденски турнир“. Се

работи на подобрување на состојбата на игралиштето, трибините и зелените површини.
Општинските екипи потпомогнати од училишните служби и од вработени од Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ работат на уредување на трибините, односно оспособување за нивната намена; отстранување на дефектите на самиот фудбалски терен, косење на тревата и уредување на шанкот. Подготовките се на самиот крај, а дел од интервенциите се прават со донација.
Градоначалникот Николчо Илијев денеска направи увид во активностите и повика на поголема граѓанска свест и повисока урбана култура кон јавното добро.
Според Александар Зафиров, организатор на овогодишниот „Петровденски турнир во мал фудбал“, досега се пријавени 16 екипи, а во вторник, на 3 јули во Салата на Советот на Општината ќе се изврши ждребување по што ќе биде познат распоредот на натпреварите.
„Петровденскиот турнир во мал фудбал“ е една од традиционалните спортски содржини кој се одржува во манифестацијата „Петровденски конаци“.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.