На 23. и 24. јуни повторно авто трка на патеката кон Пониква со европско знаменце

20 Јун 2018
569 пати

На 23 и 24 јуни на патеката кон Пониква ќе се вози Авто трката „Кочани 2018“, некогаш традиционален

автомобилски натпревар, кој прекина да се организира пред десетина години. Станува збор за бртска (ритско – брзинска) авто трка, која е влезена во Шампионатот на Централна Европа - значи, со европско знаменце. Патеката кон Пониква по која ќе се вози е долга 6, 3 километри, со многу свијоци и угорнина.
Организатор е АКК „Примо авј“ од Скопје со техничка подршка на Здружението на возачи од Кочани, а покровител треба да биде Општината.
Најавено е учество од над четириесет автомобили од клубови од Македонија, плус автомобили од клубови од Бугарија и Србија.
Според програмата, в сабота (23-ти јуни) предвидени се технички прегледи на возилата, брифинзи, седница на жирито, неофицијален и официјален треннг. В недела ( 24-ти јуни), натпреварот ќе започне во 13 часот, откако претходно ќе има уште еден неофицијален тренинг и свечено отворање. Прогласувањето на победниците е предвидено за 17 часот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.