Савов нов тренер на „Осогово“

11 Јун 2018
349 пати

ГФК Осогово во следната натпреварувачка сезона ќе го предводи легендата на македонскиот

фудбал, Жанко Савов. Станува збор за звучно име, кое зад себе има завидна интернационална кариера како фудбалер, но и прилично добра биографија како тренер.
Савов е трикратен освојувач на титулата на Македонија со тимот на Вардар со кој на два наврати го освои и Купот, а еднаш и со тимот на Цементарница. Покрај за Вардар и Цементарница,во Македонија има настапувано и за Беласица и Пелистер. На интернационална сцена настапуваше во Јужна Кореја за тимот на Џонбука, како и за Раднички Ниш од Србија.
Како тренер има работено во Цементарница, Маџари Солидарност, Борец Тетекс, Македонија Ѓорче Петров и Победа Валандово каде што беше на почетокот на сезоната, но потоа си замина од клубот.
„По разговорот со луѓето во ГФК Осогово се решив да ја прифатам понудата. Ова раководство на клубот има добра визија со која сака Осогово да го врати на старите патеки и мислам дека се на добар пат“, изјави новиот тренер на нашиот клуб, Савов.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.