1000 дечиња од три држави на фудбалскиот Куп во Оризари

08 Јун 2018
351 пати

Викендов на фудбалскиот терен крај Масалница ќе се одржи третиот Меѓународен детски фудбалски турнир

„Оризарски куп 2018“.

Според информациите од организаторот, до сега своето учество го имаат пријавено 50 екипи од Македонија, Србија и Бугарија со околу 1.000 натпреварувачи.

Ќе настапат фудбалери од генерациите: 2005; 2006; 2007; 2008 и 2009 година,

Турнирот започнува во сабота во 09:00 часот, а финалните натпревари се закажани за во Недела со почеток во 16:00 часот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.