Виница – Поставен камен темелник на првата училишна сала за спорт

24 Мај 2018
153 пати

90 годишното постоење на ОУ “Славчо Стојменски“ ќе се круниса со изградба на нов спортски објект- училишна

спортска сала. Со осветувањето на камен темелникот од страна на свештените лица при храмот “Св.Архангел Михаил“, започнуваат градежните активности за изградба на објект со површина од 762 м2 во кој ќе се изведуваат сите училишни спортови. 600 ученици кои се во редовна настава во ова и во подрачните училишта ќе добијат шанса својот спортски дух да го афирмираат и докажуваат на поквалитетен начин и во софистицирани услови според стандарди кои ги бараат спосртските федерации. Присутните гости кои беа дел и од одбележувањето на патрониот празник ги поздрави директорот Горан Иванов, кој истакна дека овој проект се реализира со подршка ан Владата на РМ и со подршка на Агенцијата за млади и спорт.
Градоначалникот Ивица Димитров, кој основното образование го завршил тука, најави максимална општинска подршка во заокружувањето на овој проект до крајот на годината, како и подршка за изградба на сала и во училиштето “Гоце Делчев“, како и подобрување на условите за школување во сите училишта во општината.
Градежните активности на овој проект кој тежи околу 25 милиони денари треба да бидат завршени до крајот на годината, а главен изведувач е ГП “Гранит“.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.