Езерото „Гратче“ порибено со 300 кгр. крап во вредност од 70 000 денари

11 Мај 2018
1194 пати

Денеска Спортско-риболовното друштво Еколошки клуб „Кочански рибар“ изврши порибување на

езерото „Гратче“ со нови 300 килограми крап. Вредноста на рибата, која е со тежина од околу 2 кгр. парче, набавена од репроцентарот „Акватика“ во Неготино, изнесува 70 илијади денари.
Според претседателот на друштвото, Димитар Димитров, спортските риболовци досега ги почитуваат правилата за улов и забраната која е во тек, од 5-ти мај до 5-ти јуни.
Според планот за периодот што претстои, ќе следуваат уште вакви порибувања, а наесен ќе се одржи и риболовниот натпревар, кој се планира да прерасне во традиционален.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.