Тенисерката Колева ја доби општинската стипендија за спортска надеж

11 Апр 2018
241 пати

Даниела Колева, членка на Тенискиот клуб „Акватен“ од Кочани ја доби стипендијата за спортист-спортска

надеж на општина Кочани за учество и остварени спортски резултати на национални и меѓународни спортски натпревари во 2017 година во дисциплината тенис.
Минатата година Колева се натпреваруваше на сите турнири организирани од Македонската тениска федерација во категориите од 16 и 18 години, како и за сениорки, и на завршните ранг-листи на МТФ е меѓу првите десет во сите категории. Колева успешно го претставуваше Тенискиот клуб „Акватен“ и на пет меѓународни ITF- турнири за јуниорки до 18 години и на два од нив оствари победи во првиот круг од турнирите.
Стипендијата чиј износ е 3 илјади денари ќе се доделува шест месеци во тековнава година, почнувајќи од април па до септември.
Парите за стипендијата за спортист-спортска надеж се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.