Соопштение - ГФК „Осогово“ со клупска веб-страница

23 Мар 2018
201 пати

Новата управа на ГФК Осогово, како една од целите која што исто така сака да ја исполни е

клубот да го доближи до секој еден граѓанин на Општина Кочани. Поточно во вистинска смисла Осогово да биде еден Градски фудбалски клуб.
Со таа цел, чест и задоволство ни е официјално да ви ја претставиме новата клупска страна, за првпат во долгогодишната историја на клубот. На fkosogovo.com ќе може од прва рака да бидете во тек со сите случувања во клубот, да се информирате за сите резултати и други новости.
Следејќи ги модерните текови и она шго глобализацијата го носи, особено акцент е ставено и ќе продолжиме со уште посилно темпо и на социјалните медиуми: Фејсбук, Инстаграм и Твитер. Во изминатиот краток период, за врмето од кога овој УО е на чело на клубот, поставена е една норма кој само може да ветиме дека ќе се надградува кога станува збор за информирањето за и околу клубот.
Како евидентна промена во продолжението од полусезоната во ВМФЛ е и ребрендирањето, односно новиот модерен дизајн на логото на клубот. За ваков чекор се одлучивме од причини што сметавме дека на клуб како ГФК Осогово му е потребно освежување во секое поле, па така и клупските симболи, па со новото идејно решение добивме еден модерен изглед со кој и покрја промената, зачувана е традицијата. Дизајнер на новото лого е Бобан Алексовски кој исто така со неговиот тим е еден од „виновниците“ за новиот вебсајт.
Во име на ГФК Осогово сакаме да ве информираме дека ќе бидеме отворени за медиумите, а од сега па понатаму за официјална информација ќе се сметаа секоја онаа што ќе биде објавена од страна на fkosogovo.com. Доколку ви се потребни други информации, може слободно да ни се обратите на официјалниот меил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.