Виница - Одржани Тодоровите трки

05 Мар 2018
250 пати

Осма година по ред после возобновувањето во саботата во Виница се одржаа Тодоровите трки. Учесниците

беа на возраст од 6 до 66 години, а најбројни беа децата од Детската градинка, но не изостана и пензионерките од “Златно Доба“, кои како првични иницијатори за оддржување на ова манифестација веќе неколку години со трчање до 60 метри ги стартуваат дисциплините. Трките за отворени ги прогласи градоначалникот Ивица Димитров.
Забележително беше годинава и зголеменото учество во потешките дисциплини: трчање во вреќа, одење со патерици, трчање со јајце во лажица, а најбројни беа учесниците кои се натпреваруваа во јадење тортини. За првите три места во секоја дисциплина имаше обезбедено вредни награди од општината и од голем број приватни компании кои се традиционални поддржувачи на овој настан.
Втора година по ред масовноста на настанот беше можност волонтерите на Црвен крст со нивниот координатор Михаил Манасиев да организираат благородна мисија за помош во изградба на лифт за потребите на младиот виничанец Зоран.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.