ГФК „Осогово“ – Игески и Велески нови засилувања

12 Фев 2018
207 пати

Со засилено темпо во финишот на преодниот рок, нашиот клуб продолжува да ја комплетира

екипата. Со Александар Игески и Дејан Велевски ГФК „Осогово“ доби фудбалери со прволигашко педигре.
Игески е голман на 25-годишна возраст кој есенскиот дел од полусезоната го мина во Гостивар. Овој чувар на мрежата неколку години наназад беше дел од Првата лига, настапувајќи за „Металург“ и „Хоризонт Турново“, а бил дел и од „Беласица“, „Локомотива“ и „11 Октомври“.
Велевски е централен дефанзивец кој има 24 години, а кон „жолто-сините“ пристапува од тимот на „Силекс“. Исто како и Игески, така и Велевски важи за прволигашки играч кој покрај за тимот од Кратово има настапувано и за „Младост Царев Двор“, „11 Октомври“, „Пелистер“, „Новаци“ и „Вардар“ од Неготино.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.