Подготовки – Победнички старт на „Осогво“

05 Фев 2018
58 пати

Реновираниот состав на ГФК „Осогово“ вчера комплетно го надигра тимот на „Кожуф“ и сосема заслужено,

славеше со резултат од 1-0.
Стрелец на единствениот гол за „жолто-сините“ беше еден од новите девет засилувања, Владимир Жоглев, во 39. минута од мечот. ГФК „Осогово“ можеше многу лесно и уште порано да поведе, но контрата три на еден не ја искористи Слаѓан Митевски, чиј удар го одбрани противничкиот голман, Ников.
Тренерот Крсте Крстев во 60. минута од мечот се реши да го промени комплетниот тим, па на терен влегоа нови 11 фудбалери. Иако темпото на игра падна, сепак нашиот тим многу лесно можеше да дојде до 2-0, но Чичевски од слободен удар ја погоди пречката од голот, а неколку минути подоцна Ангеловски убаво биеше од дваесетина метри, но неговиот удар заврши неколку сантиметри покрај голот.
Иако е прв контролен натпревар, сепак радува фактот што во екипата владее работна атмосфера, а доказ за тоа е и резултатот, ако се земе предвид дека гевгеличани се на делба на третото место на табелата во Втората лига, со 25 бода или во превод 17 бода повеќе од нашиот клуб
Следен контролен меч за ГФК „Осогово“ е гостувањето во Прилеп и мечот против прволигашот „Победа“, кој се игра во среда.
ГФК „Осогово“ вчера започна во следниот состав: М. Горгиев, Ј. Манев, Т. Манов, Х. Митревски, К. Блажев, С.Цветанов, А. Коцевски, С. Митев, В. Жоглев, Н. Костадинов, Д. Паунов
Во второ полувреме влегоа: М. Андонов, Б. Ангеловски, П.Петров, Н. Стоиловски, К. Јорданов, А.Гаврилов, П. Георгиевски, М. Чичевски, А. Јонузи, С. Стојов

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.