Прогласени најуспешните – Давитков спортист број 1 на Кочани за 2017

31 Јан 2018
339 пати

Љубомир Давитков, каратист на КК „Кочани“ е најуспешниот спортист на Кочани за 2017. година. Давитков,

признанието го доби бидејќи со македонската репрезентација освои балканска бронза. По него, на втората позиција се најде тенисерката на „Акватен“, Даниела Колева, а Стојан Николов, велосипедист на ВК „Поскок“ е третиот најуспешен спортист на градот за минатата година.
Меѓу младите надежи се најдоа 11 спортисти: Ана Георгиева (ЖФК Кочани), Али Каидов ( КК. Ипон), Антонио Јаношевиќ (КГС Кочани), Благој Тасевски (КК. Партизан), Благој Ананиев (РК Младинец), Марко Коцев (КК Баскет Дино), Филип Станојков (ЏК Гладијатор 2016), Наталија Веселиновска (КК. Кочани), Давид Костов (Фудбал Старс), Јована Давиткова (ШК Кочани) и Ѓорѓи Соколовски (ПСД Осогово).
За вложеното најмногу во фудбалот, Драгослав Здравков, е прогласен за најуспешен спортски работник. Тренер на годината е Јорданчо Петров, поради тоа што има бројни остварувања со своите натпреварувачи од КК „Партизан“ на домашна и меѓународна сцена. Најуспешен спортски колектив на Кочани е КК „Кочани“.
Завршницата од манифестација посветен на спортот и спортистите кај нас се одржа синоќа во ресторанот „Аледар“. Гласањето го извршија новинарите и претставник на Сојузот на спортови, а организатор беше Општина Кочани.
Прогласените за најуспешни добија благодарници и статуетки.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.