Комплетирани пријавите за Избор на спортист на Кочани за 2017 година – доделувањето на наградите е на 30 јануари

25 Јан 2018
440 пати

По истекот на рокот за пријавување по конкурсот за Избор на спортист на Кочани за 2017 година,

забележителен е интересот на спортистите и клубовите што конкурираат за предвидените награди во неколку категории.
За спортист на годината се поднесени 26 предлози од кои една индивидуална пријава и 11 пријави од спортски клубови. За највисокото спортско признание што го доделува Општина Кочани ќе се борат: Грегори Давков од „Фудбал старс“, каратистите од двата карате клуба „Партизан“ и „Кочани“: Роберто Здравковски, Ѓорѓи Петров, Кристијан Грозданов, Ангел Стојанов, Мартина Шахинова, Ива Таушанова, Љубомир Давитков и Василија Христиќ, потоа гимнастичарите Јана Николова, Стојан Атанасов; Филип Филипов од Кошаркарскиот клуб „Баскет Дино“, велосипедистот од „Поскок“ – Стојан Николов, џудистите Дамјан Крстов, Христијан Павлов и Стефанија Павлова, тенисерката Даниела Колева, планинарите Гоце Серафимов, Тошо Антов, младата шахистка Јована Давиткова и атлетичарот Душан Павлов.
За титулата млад надежен спортист се кандидирани 14 спортисти од 8 екипи: Марко Коцев од „Баскет Дино“, Филип Станојков од „Гладијатор“, гимнастичарот Антонио Јаношевиќ, Давид Костов и Христијан Стојановски од „Фудбал старс“, каратистите Наталија Веселинова, Томо Кузманов, Наталија Карова, Верица Карова, Благој Тасески, Филип Стојанов, Ангел Стојанов и Али Саидов, како и ракометарот Благој Ананиев.
За најдобра екипа во 2017 година се поднесени 4 пријави: КГС „Кочани“, КК „Партизан“, Џудо клуб „Гладијатор“ 2016 и КК „Баскет Дино“. За титулата најдобар тренер ќе се борат: Симеончо Митев од ФК „Фудбал старс“, Јорданчо Птеров од КК „Партизан“, Николче Колев од КГС „Кочани“, Драган Шеќеровски од „Гладијатор“ и Сашо Лазаров од „Баскет Дино“.
За спортски работник за 2017 година е предложен Драгослав Здравков.
Манифестацијата за Избор на спортист ќе се одржи на 30 јануари во ресторанот „Аледар“, кога на пригоден начин ќе им бидат доделени наградите и пехарите на најдобрите спортски тимови и поединци.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.