Кочанчанка во уметничко лизгање ја освојува Австрија

24 Јан 2018
2029 пати

Македонското уметничко лизгање добива потенцијал за големи достигнувања во ликот на Теодора Атанасова,

која минатиот викенд го освои сребрениот медал на Фелдкирх трофи 2018 во Виена, Австрија. Викендите што следат Теодора ќе настапува на меѓународните турнир во Инзбрук –Австрија и во Љубљана – Словенија. Атанасова се натпреварува во категоријата до 13 години, а нејзиниот подем почнува пред една година кога започнува да тренира кај славниот руски лизгач Сергеј Громов кој очекува уште поголеми резултати од неа.
Инаку, родителите на Теодора, која живее во Виена, се од кочанско Грдовци и потекнува од спортско семејство. Татко и Стојанчо е поранешен фудбалер, а мајка Димијана подобранец.
В.Д.

Оценете ја оваа вест
(2 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.