ФФМ ќе помогне во поставувањето 1 500 столчиња на „Мантов“

12 Дек 2017
271 пати

„На повидок е решавање на прашањето за поставување 1 500 столчиња на источната трибина и други

инвестиции во инфраструктурата и во одржувањето, што ќе го подигнат нивото на стадионот за одигрување на помали меѓународни натпревари. Со претставниците на ФФМ постигнавме начелни договори за довршување на работите за исполнување на пропишаните критериуми“, соопшти градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, откако се сретна со претставници на Фудбалската федерација на Македонија во својот кабинет. Се разговараше за идеите и можностите околу одржувањето и заедничките инвестиции на Градскиот стадион „Никола Мантов“.
Општината, според писмената објава, очекува поддршка од Фудбалската федерација на Македонија и во решавање на основните потреби за одржување на фудбалскиот терен на „Никола Мантов“.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.