Илијев – Градоначалникот нема легитимитет да прими оставки од ГФК Осогово !

10 Ное 2017
595 пати

Во врска со информацијата за поднесената оставка на Управниот одбор на ГФК „Осогово“ до градоначалникот, ја

известуваме јавноста дека институцијата Градоначалник нема легитимитет да ја прими оставката бидејќи не учествува во телата на ГФК „Осогово“.
Општината и Градоначалникот не се основачи на „Осогово“, па е нелогично да се инволвираат во одлуки и дејства на граѓански здруженија, се вели во писменото соопштение од кабинетот на градоначалникот Николчо Илијев.
Поддршката за смирување на тензиите на двете спротивставени страни беше во име на добра волја на градоначалникот за средување на состојбите во овој спортски клуб.
Понатаму, спротивставените страни ќе мора сами да ги средат состојбите и да го доведат клубот на здрави нозе.
Општината и градоначалникот ќе го поддржат секое решение што ќе придонесе за успешно завршување на полусезоната и за добри натамошни резултати – стои во соопштението.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.