Поддршка од градоначалникот Илијев за средување на состојбите во ФК „Осогово“

07 Ное 2017
406 пати

По сознанијата за непријатните состојби во ФК „Осогово“ и настаните на стадионот, а за смирување на страстите и изнаоѓање

решение, градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев со тим од Општината и Советот на Општината побара средба на која беа отворени сите прашања поврзани со актуелните состојби и работата на Клубот.
Едно од главните беше финансиското прашање, при што се разгледуваа ингеренциите што ги има Општината во финансирањето на спортот.
По разговорот со раководството, а со цел да ја слушне и другата страна, Илијев побара средба и со претставници од Ад хок телото.
Впечетокот е дека станува збор за две различни, крајно спротивставени гледања на работењето на Клубот, и на инститирање на градоначалникот Илијев се побара компромисно решение за да може Клубот да продолжи да функционира.
Состанокот заврши со предлог Ад хок телото да делегира еден член во Управата, со цел да се овозможи функционирање на „Осогово“ до крајно решение.
Се очекува оваа иницијатива да биде разгледана и предлогот да биде прифатен.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.