Нова подлога за повеќенаменското игралиште во дворот на ОУ „Свети Кирил и Методиј“

27 Окт 2017
382 пати

Нова вештачка тревна подлога е поставена на фудбалското игралиште во училишниот двор

на училиштата „Љупо Сантов“ и „Св. Кирил и Методиј“.
Вредноста на проектот е околу 1,5 милион денари, средства од буџетот на Општина Кочани. Изведувач на работите e фирмата „Колибри Маријана“ од Скопје.
– Дотраената подлога е замената со нова на површина од 924 м2, а според стандардите поставен е и кварцен песок и гума за заштита од повреди – соопшти Влатко Димитров, помошник-раководител на Секторот за уредување на градежно земјиште во Општина Кочани.
Корисници на повеќенаменските игралишта се двете кочански училишта, а за хигиената се грижи КЈП „Водовод“.
Прашањето на заштитата и одржливоста на овој спортски терен ќе се решава наскоро со усогласување на потребите на корисниците со Општината.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.