Кочани - Одбележана Европската недела на мобилност

23 Сеп 2017
142 пати

Општина Кочани се вклучи во одбележувањето на Европската недела на мобилност која се

одбележува под мотото „Чиста, споделена и паметна мобилност“, по повод 22 септември – Светски ден без автомобили. По тој повод низ улиците на Кочани вчера се одржа манифестацијата сите на велосипеди во која учествуваа ученици од кочанските основни и средни училишта како и граѓани на Кочани.

– Манифестацијата има за цел да ја подигне свеста кај учесниците во сообраќајот за користење на велосипедот и почитување на велосипедистите. Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот преку повеќе содржини, акции на терен низ улиците на градот, како и со посета на училиштата и предавања на актуелни теми се вклучува во акцијата за безбедност во сообраќајот. Овој ден е дел од сиве овие активности, истакна Кирил Атанасов, претседател на Општинскиот совет за безбедност во сообракајот од Кочани.

Додека траеше велосипедското дефиле неколку улици во централното градско подрачје на Кочани беа затворени за сообраќај. Во акцијата за одбележување на Светскиот ден без автомобили во Кочани се вклучија и голем број на велиосипедисти членови на велосипедските клубови од општината.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.