Петровденски турнир во мал фудбал - Започна пријавувањето

22 Јун 2017
480 пати

Општина Кочани како организатор на ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ги повикува фудбалските екипи

да се пријават за учество на турнирот. Екипите се должни да уплатат котизација од 3 000 денари, да достават име на клубот и список од десет играчи со броеви на личните карти. Пријавените играчи да имаат наполнето 16 години.

Пријавувањето е до 1 јули,  во Едношалтерската канцеларија - Општина Кочани.

Информации на: 033 274 002, локал 111
076 376 736, Иванчо Захариев


Одделение за јавни дејности
Општина Кочани

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.