Седница на Советот на Општина Кочани – 250 000 денари за ГФК „Осогово“

16 Јун 2017
1024 пати

Општината му помогна на ГФК „Осогово“. „Жолтосините“ на денешната седница од Советот добија 250 000 денари за покривање на трошоците за котизација

за учество во Втората лига – Исток и за други трошоци за натпреварувачката 2017/2018 година. Предлогот беше на претседателот на Општинскиот совет, Јордан Димитров, откако тој, претходно, како што ни рече, на координација со претставниците на сите советнички групи разговарал и договорил барањето на Градскиот фудбалски клуб да се стави на разгледување. Сите советнички групи прифатија спомената сума да им се одобри на фудбалерите од Кочани. Парите ќе се издвојат од буџетот за спорт.
УО на ГФК „Осогово“ за денешната седница достави барање за 500 000 денари еднократна помош за котизација и уште по 300 000 денари месечно за покривање на трошоците за натпреварување. Доби 250 000 денари, кои, во секој случај, ќе помогнат за подмирување на дел од котизацијата.
Фудбалскиот клуб „Осогово“ избори учество во новоформираната Втора лига – Исток, каде натпреварувањето е поскапо. Општината им излезе во пресрет на фудбалерите. Но, Локалната самоуправа не може да биде главен извор на финансирање на клубот. И сите тоа го знаат. Потребно е вклучување на бизнис секторот кој може да ги искористи законските новини, според кои, до 50 отсто од данокот на добивка може да го донира во спортот, без притоа да плаќа било какви други давачки.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.