ГФК „Осогово“ - Бизнисмените ги нема, навивачите бараат пари од градоначалникот

15 Јун 2017
477 пати

Речиси ниту еден стопанственик не присуствуваше вчера во салата за седници на Општинскиот совет

на состанокот што го свикаа заедно градоначалникот Ратко Димитровски и УО на ГФК „Осогово“. Најмногу имаше симпатизери и навивачи на „жолтосините“, но од оние што имаат можност да издвојат пари за финансирање на клубот – немаше никој.
Целта на овој состанок беше уште еднаш да се посочи на новите законски поволности за донирање во спортските клубови. Дека можат да се дадат за спортот до 50 отсто од данокот од добивка.
Од претходното и покрај даночните олеснувања, излегува дека кај бизнис-секторот во Кочани нема интерес да вложи во „Осогово“.
Во една таква ситуација, навивачите вниманието го насочија кон градоначалникот Ратко Димитровски, од кого побараа тој, од позиција на прв човек во градот, преку општинскиот буџет, да ја плати котизацијата на ГФК за учество во Втората лига. Станува збор за сума од околу 8 000 евра. Ова, навивачите го аргументираа наведувајќи „сигурни“ информации од нивни извори дека во други општини градоначалниците за фудбалските кубови издвојувале позамашни суми пари. Димитровски ова го отвфорли како неможно, бидејќи според него, законот не дозволува градоначалник на било која општина да издвојува од буџетот за било кој фудбалски клуб.
УО на ГФК „Осогово“ уште претходно доставил барање до градоначалникот и Советот на Општина Кочани за еднократна помош од 500 000 денари и уште по 300 000 денари месечно во наредниот период.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.