На 14-ти јуни во 15 часот – Состанок за ГФК „Осогово“

12 Јун 2017
513 пати

На 14 јуни (среда) во салата на Советот на Општината ќе се одржи состанок, на кој, во центарот на вниманието ќе биде ГФК „Осогово“ и новите моменти

во врска со влегувањето на клубот во второлигашка конкуренција. Настанот го организираат заедно градоначалниот на Кочани, Ратко Димитровски, и УО на „жолтосините“. Поканети се сите заинтересирани љубители на фудбалот, симпатизерите на „Осогово“, граѓани, стопанственици...сите што сметаат дека ќе дадат позитивен допринос за подобрување на условите за натпреварување во повисокиот ранг – Втората лига.
Ќе се разговара за можноста за донации во ГФК „Осогово“ според новиот Закон за даночни олеснувања од Законот за данок од добивка, за преземање на клубот од некој што сака да инвестира во него, за проширување на Управниот одбор на клубот. Во опција се разговори и за други прашања...
Состанокот ќе започне во 15 часот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.