Во Пехчево одржана 22-те регионални спортски игри

22 Мај 2017
348 пати

Здружернието на пензионери на Пехчево викендов беше домакин на 22-те регионални спортски натпревари

на кои учествуваа спортски екипи од Здруженијата на пензионери на Кочани, Виница, Македонска Каменица, Делчево, Берово и од градот домаикн Пехчево. Спортистите пензионери се натпреваруваа во 15 спортски дисциплини во машка и женска конкуренција.
На натпореварите им преходеше свечено отварање на игрите на кои најпрвин присутните ги поздрави Борис Зарински,претседател на ЗП на Пехчево кој им посака добредојде на присутните спортисти, со желба да постигнат успешни спортски резултати.
Во името на градот домакин зборуваше градоначалнуикот на Пехчево Игор Поповски, кој истакна дека Пехчево и неговите жители широко ги отвораат своите врати за добредојде и пријатен престој на пензионерите од источна Македонија.
Присутните на свеченото отворање на регионалните спортски натпоревари во Пехчево ги поджздрави Станка Трајкова секретар на СЗПМ, која го искажа задоволството што Пехчево и Здружението на пензионери од овој град се домнакини на овие спортски натпревари,бидејки довербата укажана од СЗПМ да се биде домакин тие ја прифатија и со успех ја реализираат.
Натпревари во рамките на источниот регион се одржаа на градскиот стадион и во саланата на Основното училиште “Ванчо Китанов“ во Пехчево.
Екипно најмногу први места освоија членовите на ЗП од Кочани кои триумфираа во 8 спортски дисциплиниВеднаш зад нив се пензионерите Виница и Делчево.
Пензионерите од Кочанското здружение освоија први места во следните дисциплини:шах-мажи, стрелаштво мажи и жени, теглење јаже мажи, слобоно фрлање кош мажи. Први мста освоија и Горги Наунов во дисцилината скок од место, Александар Гигов трчање до 60 години и Моне Андонов во дисциплината ферлање ѓуле.
Најуспешните екипи и поединци ке ја сочинуваат екипата на ЗП кочани која ке учествува на републичкиет пензионерски спортски игри кои на 2 септемеври оваа година ке се одржат во Кочани а домакин ке биде ЗП на Кочани
                                                                                                                                                                     К.Герасимов

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.