Здравков: „Без паника и еуфорија, победа и во Втора лига сме!“

13 Мај 2017
956 пати

Фудбалерите на ГФК „Осогово“ се на чекор од Втората лига. В недела, победа против „Каменица Саса“ ги води во повисок ранг на

натпреварување. Затоа, без задршка, трите бода за „жолтосините“ се единствена алтернатива. Се друго е „втора“, „трета“... опција.
„Рударите“ и немаат друг избор. Доколку не триумфираат на „Мантов“ – одат на јаловиште и ќе се надеваат дека следната година ќе им се исполни желбата!
Натпреварот се игра во Кочани, в недела (14 мај) на Градскиот стадион во рамките на 28-то коло. Започнува во 16, 30 часот.
Капитенот на ГФК „Осогово“, Драги Здравков, вели: Овој дуел е како бараж и е доста значаен за нас играчите. Смирено, без паника и еуфорија да му пристапиме и да одиграме како што знаеме и умееме, резултатот нема да изостане. Со помош на нашите верни фанови и сејмените заедно да прославиме уште една победа во низа и влез во Втора лига. Ги повикувам ‘Сејмените’ да не бодрат и да бидат присутни во што поголем бро,ј затоа што подршката сега ни е најпотребна“.
Андреј Коцевски, еден од најдобрите кај кочанчани сезонава, ќе го пропушти неделната пресметка со „Каменица Саса“: „Поради повреда на утрешниот натпревар нема да можам да им помогнам на моите клупски другари. Но, им посакувам среќа и успех па сите заедно утре да се радуваме на уште еден нов триумф, за нас најважен. Се надевам дека ќе оствариме нова победа која е од огромно значење. Сите заедно сакаме да сме дел од новата Втора лига која ќе биде интересно натпреварување со екипи кои имаат доста голема популарност во нашата држава. Ги повикувам и ‘Сејмените’ да не подржат во што е можно поголем број“.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.