„Осогово“ до бизнис секторот: „Учествувајте во финансирањето на клубот-за возрват добивате реклама!“

27 Апр 2017
307 пати

ГФК „Осогово“ нуди простор за рекламирање на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани. Понудата

е насочена кон бизнис секторот. Клубот се обврзува да ја изработи рекламата, а компаниите треба да достават лого или друг рекламен материјал и да потпишат договор.
Средствата од оваа кампања „Осогово“ ќе ги искористи за понатамошно опстојување на клубот и негов развој, бидејќи, речиси сигурно, кочанските „жолтосини“ во следната натпреварувачка сезона ќе играат во второлигашка конкуренција.
За настап во овој повисок ранг на натпреварување потребни се и поголеми пари во однос на она што се трошеше во третолигашката конкуренција.
Од тие причини е упатен повикот до бизнис секторот, да издвојат средства за новиот второлигаш, а за тоа да добијат свој рекламен простор на стадионот „Никола Мантов“.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.