годинава се 22-ри по ред. Се очекува масовно присуство на пензионери од сите ограноци на здружението кои работат во општините Кочани, Зрновци и Чешиново - Облешево.
-Натпреварите ке се реализираат во повеке спортски дисципчлини, ни изјави Горги Серафимов, претседател на кочанското пензуионерско здружение.Така, на Градскиот стадион Никола Мантов ке се одржат општинските натпреваруи во теглење на јаже, скок од место, трчање на 6о и 80 метри, фрлање гуле, кошарка, фудбал и стрелаштво. Во просториите на Управната зграда на здружението ке се одржат натпреварите во шах, пикадо, табла и домино. Натпреварите започнуваат во 10 часот, а изјава за медиумите претседателот Серафимов ке даде во 11 часот на Градскиот стадион.
Најуспешните поединци ке ја сочинуваат екипата на ЗП Кочани на претстојните регионални спортски натпревари кои на 20 мај ке се одржат во Пехчево. Оттаму се очекува пласман на кочанските спортисти-пензионери во повеке спортски дисциплини за учество на 22-та Републичка пензионерска олимпијада која годинава ке се одржи во Кочани на 2 септемеври оваа година и домакин ке биде ЗП на Кочани.
К.Герасимов