„Кит Го Пехчево“ си отиде дома со 4 гола во мрежата

03 Апр 2017
1153 пати

Со четири гола во мрежата, ГФК „Осогово“ ги врати пехчевци дома, во натпревар што се играше

вчера во рамките на 22 коло од Третата лига Исток на ГС „Никола Мантов“. Крајниот резултат од дуелот помеѓу „жолтосините“ и „Кит Го“ гласи 4 : 1. За кочанци головите ѓи постигнаа Натков (2), Коцевски и Тодоров, додека за гостите од Пехчево стрелец беше Синев.
На останатите средби од ова 22 коло постигнати се следните резултати:
„Каменица Саса“ – „Слога 1934“ 5:3
„Работник“ – „Напредок Здравје“ 2:0
„Тиверија“ – Малеш“ 1:4
„Брегалница Голак“ – „Василево“ 3:1
„Овче Поле“ – „Рудар“ 3:1
Слободни беа екипите на „Беласица“ и „Плачковица“.
На табелата од Истокот на Третата лига, „Осогово“ се наоѓа на третото место со 48 бода, колку што има и второпласирана „Плачковица“. На првата позиција со 55 бода неприкосновена е екипата на „Беласица“.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.