Започнува „Трофејот Македонија“

25 Јул 2014
791 пати

Репрезентација на Македонија во кошарка од денска до недела ќе ги игра натпреварите

на „Трофејот Македонија 2014 “ . Ова е втор турнир на кој ќе настапи нашата селекција во рамките на подготовките за квалификациите за ЕП 2015. Дресот на репрезентацијата и овој пат ќе го носи кочанецот Дарко Соколов, кој на првиот турнир во Охрид не ја доби очекуваната минутажа, што е изненадување кога ќе се погледне кој се во моментот е кошаркарски репрезентативец.
Прв противник на нашата селекција е Полска, утре ќе играме со Италија , во недела се среќаваме со Црна Гора. Натпреварите на турнирот се играат во салата на СЦ „Борис Трајковски“, сите средби нашиот национален тим ги игра од 20 часот.
Распоред на натпревари - Турнир „Трофеј Македонија 2014“:

25.07.2014
17:30 Црна Гора - Италија
20:00 Македонија - Полска

26.07.2014
17:30 Полска - Црна Гора
20:00 Италија - Македонија

27.07.2014
17:30 Полска - Италија
20:00 Македонија - Црна Гора

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.