Зрновци – Низа активности за подобар квалитет и поголеми количини на вода за пиење

25 Ное 2021
342 пати

Во КЈП Водна кула од Зрновци денеска е извршена промена на опализиран туф во самоперачките филтри за физичко третирање во фабриката за вода.

Освен ова, извршени се и технички промени за правилно дозирање и третирање на хлорот во водоснабдителниот систем .
Претходно, откако беа направени поправки и прочистување на таложникот во „Водна кула“ и доводниот тунел, исчистен е и резервоарите за вода во Зрновци. Овие активности финансиски се покриени со сретства од Буџетот на Општината, информираат од Локалната самоуправа.

z3.jpg

Најавено е дека в сабота ќе се изврши прочистување на изворите и доводот до резервоарот за вода во село Мородвис , а в недела е планирано чистење на таложникот и резервоарот за вода во село Видовиште.
Со овие активности се завршуваат планираните првични чекори за значително подобрување на квалитетот на водата за пиење во Општина Зрновци со доволно количество и динамика на испорака.

z1.jpg

 

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)