Се поставува атмосферска канализација на новата коловозна лента на „Стево Теодосиевски“

25 Ное 2021
491 пати

Продолжуваат градежните активности на новата коловозна лента на улицата „Стево Теодосиевски“, поранешна „Ленинова“. Во завршна фаза е поставувањето на атмосферска и фекална канализација, водоводна како и друга подземна инсталација.

2 (25).JPG

Службите од КЈП „Водовод“ известуваат дека веќе е поставена атмосферска мрежа во должина од 270 м, од Стришани до Двојниот мост, а наредниот период ќе се работи на ископ и поврзување. На овој потег ќе се постават 16 шахти и шест собирни решетки.     

4 (20).JPG

По завршувањето на комуналната инфраструктура, ќе следува дооформување на оваа сообраќајница и нејзино асфалтирање. Се очекува, булеварското решение на „Стево Теодосиевски“ значително да го подобри протокот на сообраќајот во централното градско подрачје на Кочани.

3 (27).JPG

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)