Ужасно утро за Македонија: 45 луѓе загинаа во македонски автобус на автопатот во Бугарија, меѓу жртвите и 12 деца

23 Ное 2021
341 пати

Во автобусот патувале 52 лица. Меѓу загинатите има 12 малолетници, меѓу кои и двајца близнаци. Во несреќата загинал и возачот. Преживеале 5 лица – 2 жени и 5 мажи кои се сместени во болницата „Пирогов“

Како што објави БГНЕС, седуммината преживеани со изгореници на лицето и со проблеми со горните дишни патишта, а некои имаат и расекотини, изјавила проф. Маја Аргирова, раководител на клиниката за изгореници во Пирогов, за настраданите во несреќата со македонскиот автобус. Еден од повредените има и скршеница на надколеница и е сместена на Трауматологија. Тие во болницата се донесени по 3 часот

Четириесет и пет лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во која се запали македонски автобус на автопатот Струма, јавија бугарските медиуми за трагедијата што се случи рано утрово кога се запали автобус со патници од  Македонија.

Во автобусот патувале 52 лица. Меѓу загинатите има 12 малолетници, меѓу кои и двајца близнаци. Во несреќата загинал и возачот. Преживеале 5 лица – 2 жени и 5 мажи кои се сместени во болницата „Пирогов“.

Како што објави БГНЕС, сите со изгореници на лицето и со проблеми со горните дишни патишта, а некои имаат и расекотини, изјавила проф. Маја Аргирова, раководител на клиниката за изгореници во Пирогов, за настраданите во несреќата со македонскиот автобус. Еден од повредените има и скршеница на надколеница и е сместена на Трауматологија. Тие во болницата се донесени по 3 часот.

„Луѓето се во тешка траума, изгубија роднини, деца. Тие скокнале од прозорците на автобусот, па оттука и повредите“,

додаде Аргирова.

втобусот синоќа нешто по 21 часот влегол преку граничниот премин Капетан Андреево. Околу 3 часот се случила трагедијата на автопатот во правец Софија – Благоевград.

„Немаме ништо добро да кажеме, почнуваме со лоши вести: трагедија која не потресе. Оваа сообраќајна несреќа мора брзо да се истражи. Кога се ќе биде направено, ќе може да се коментира за веројатната причина. Оставете ги истражителите да си ја завршат работата. Имаме огромна трагедија и ја користам оваа прилика да им изразам сочувство на роднините на жртвите“,

изјави бугарскиот премиер Стефан Јанев од местото на несреќата на автопатот Струма, јави БГНЕС.

Јанев, министерот за внатрешни работи Бојко Рашков и заменик главниот обвинител Борислав Сарафов се на самото место.

„Да се ​​надеваме дека ќе ги извлечеме поуки од овој инцидент и повеќе нема да дозволиме вакви инциденти. Во моментов е јасно само дека автобусот е регистриран во Северна Македонија. Во раните утрински часови го информиравме премиерот Заев, кој патува наваму“,

додаде Јанев.

„Сликата е ужасна. Не секој може да ја поднесе оваа слика. Трагедијата детално ќе се расчисти во текот на истрагата. Од мое искуство би рекол дека не сум видел такво нешто досега, разговаравме и јас и колегата Сарафов – жртвите се јагленисани, никој во моментов не може да каже колку и кои се. Тешко е да се идентификува човек по човек. При поединечните застанувања можно да се префрлале патници од еден во друг автобус. Од Истанбул до Скопје сообраќале четири автобуси. Можно е некој да се качил, па тешко е да се каже точниот број на загинати“,

изјави министерот за внатрешни работи Бојко Рашков.

Рашков појасни дека се работи на анализа на верзиите, но засега нема конкретни информации што би можело да е причина за трагедијата. Според една од нив, автобусот тргнал десно и удрил во заштитната ограда која е уништена.

„Сосема е можно палењето да настанало и како резултат на контакт со заштитната ограда. Се е можно, се надевам се ќе се разјасни многу брзо. Не само градоначалникот на Перник вели дека делницата е проблематична, туку и ИПБ, па би било добро да го истражиме ова прашање – дали има неприфатливи делови кои создаваат услови за вакви несреќи толку често колку што се тврди“,

додаде тој.

 

Автобусот кој рано утринава направи сообраќајна несреќа во Бугарија, а во кој загинаа најмалку 46 лица, е на „Беса транс“ која организира туристички и шопинг тури за Истанбул.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)