ЈАВЕН ПОВИК ДО НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ВИНИЦА

22 Ное 2021
3137 пати

До новоизбраниот градоначалник на Виница

ЈАВЕН ПОВИК

Почитуван градоначалнику, повеќе од 6 месеци гори депонијата кај селото Лески и во континуитет загадува неколку општини и на температури од 40 степени и во време на пандемија, кога наши и ваши сограѓани се бореа за здив и беа на кислородна поддршка во болниците, депонијата гореше и нѐ труеше сите нас.

Реагирањата кон вашиот претходник не наидоа на разбирање за решавање на овој проблем, па затоа Ви се обраќаме Вам, покрај честитките за изборот и Ве замолуваме една од првите Ваши работни задачи да биде решавањето на овој регионален проблем, бидејќи чадот не познава општински граници.

Се обраќаме и до инспекциските служби: Како може Законот да важи за земјоделците кои ја палат сламата, за да можат да ги обработуваат оризовите полиња и да плаќаат казни, а за општините и градоначалниците истиот да не важи. Молиме за чист воздух, а со тоа и за добро здравје.

   Загрижени граѓани од град Кочани

 

 259618240_231123709127317_7467063410943708634_n.jpg

258854638_327433225436219_4444993066289575942_n (1).jpg

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)