ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ ќе направат се да понудат проекти и решенија со кои Кочани ќе биде подобро место за живеење.

14 Окт 2021
715 пати

Почитувани сограѓани,

Советниците од листата ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ ќе направат се да понудат проекти и решенија со кои од Кочани ке направиме подобро место за живеење.

   Ги следиме реакциите на граѓаните за проблемот со градскиот пазар.Просторот што го нарекуваме градски пазар не ги исполнува ни најосновните услови за продажба на прехрамбени и други производи.Се продава во лоши и нехигиенски услови со што се доведува во опасност и здравјето на граѓаните.Несоодветно поставените тезги го спречуваат нормалното одвивање на сообраќајот.

245254469_1109370083137109_7992706442415705737_n.jpg

   Советниците од листата Одлучно за промени ке се залагаат за трајно решавање на овој проблем и претворање на Градскиот пазар во пристојно место и за купувачите и за продавачите.

242962481_677236129915249_679965298454332519_n.jpg

   Узурпираните јавни површини со паркирани возила ке ги ослободиме и едната коловозна лента од сообраќајниците која постојано е зафатена со паркирани возила ке ја пренамениме во велосипедска патека.Местото за паркирање на возилата е во гаражите и на паркинзите за кои постојат голем број на неискористени слободни површини и во централното градско подрачје.

   Почитувани сограѓани.Доколку го прифакате нашиот концепт Ве повикуваме во недела на 17 октомври да го заокружите бројот 2 од листата на советници за општина Кочани

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)