Реализираните проекти се доказ дека се работи транспарентно и посветено. И не застануваме овде!

14 Окт 2021
373 пати
Почитувани сограѓани,
Сите ние сме сведоци дека нашата општина во текот на последните четири години, непрекинато се развива.
Со политиката за подеднакво инвестирање и развој на градот и на населените места, создаваме ист квалитет на живот и во административниот центар и во селата. Градиме квалитетни патни врски помеѓу градот и населените места, со улично осветлување, тротоари и велосипедски патеки.
Се заложуваме за развој на туризмот преку изградба на ски-центар на Царев Врв и адреналински парк на Осогово, како и изградба на мала брана на Арамиска Чешма за решавање на фундаменталниот проблем со водоснабдувањето на туристичката населба на Пониква, како и на селата во високиот дел на Осоговието.
Преку реализација на инфраструктурни проекти во лесната индустрија, изградба на водоводна, канализациска, атмосферска и патна инфраструктура ги подобруваме  условите за развој на малото стопанство во Кочани.
Никој не е изоставен. Сите сме дел од нашата општина и затоа водиме грижа за секој поединец преку изградба на дом за стари и изнемоштени лица, изградба на дом за згрижување на лица во социјален ризик, отворање центар за ран детски развој во селото Подлог, отворање на новата детска градинка со капацитет од 120 деца, изградба на спортска сала со капацитет 3.000 седишта.
Преку младинското организирање, ги вклучуваме младите во сите сегменти на општественото живеење.

Реализираните проекти се доказ дека се работи транспарентно и посветено.
И не застануваме овде!
Продолжуваме понатаму, сите заедно, сплотени, да работиме во интерес на нашата општина, во интерес на сите нас, за нашата иднина, за нашите поколенија!
Затоа, на 17-ти октомври, токму вие, граѓаните ќе го изберете најдоборото за нашата општина, заокружете број 12!

 
Ви благодарам,
Сузана Постоловска
Кандидат за советник предложен од СДСМ и коалицијата
 
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)