Коста Коцев : Ќе има субвенции за енергетска ефикасност, за ПВЦ, на занаетчиите ќе им ја вратиме фирмарината...

14 Окт 2021
623 пати

Почитувани сограѓани и претставници на медиумите, јас сум Коста Коцев и дел сум од единствената независна

листа Група избирачи – Венко Крстевски. Овде сум пред јавноста и пред вас граѓаните да ви презентирам дел од нашата програма.
Како круцијален и суштински дел од нашата програма е субвенционирањето на енергетски ефикасни фасади, санации на покриви и постоечки лифтови. Во изминатиот период посетивме и залепивме стикери во преку 150 влезови на згради постари од 20 години, зградите и домаќинствата кои живеат во нив се соочуваат со очигледни проблеми, затоа ние сме тука да понудиме решение на веќе постоечките проблеми.
Исто така битен дел од нашата програма е субвенционирањето на ПВЦ и алуминиумски прозорци, со овој дел од програмата ја решаваме енергетската ефикасност и ги ослободуваме домаќинствата од дополнителен трошок.
Во нашата програма ставаме акцент и на сите видови занаетчии, ќе им понудиме бесплатни работни простории, ќе им ја вратиме фирмарината назад и ќе направиме реален попис на сите занаетчии.
Во нашата програма ставаме акцент и на студентите, ќе им ги зголемиме стипендиите на студентите кои во претходниот мандат беа зголемени по иницијатива на носителот на листата Венко Крстевски.
На крајот ги ставаме како дел од нашата програма и оние кои се заслужен дел од секое општество, а тоа се пензионерите. На пензионерите им нудиме бесплатен јавен превоз со кој ќе го ослободиме градскиот метеж, ќе ги дестимулираме да излегуваат со возила и ќе им обезбедиме полесен пристап до центарот на градот.
Затоа ве повикувам вас граѓаните на 17-ти октомври да излеземе и да го заокружиме бројот 116 да покажеме дека го сакаме Кочани и веруваме во неговата иднина. Ви благодарам.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)