Кочани е пример за општина со рамномерен локален економски развој...

13 Окт 2021
226 пати

Почитувани сограѓани,
Одговорното, чесно и професионално работење се патот кон подобра бизнис клима. Во изминатите 4 години се фокусиравме како на развојните цели во економијата, така и на стабилноста на истата и на државно и на локално ниво. Според макроекономските индикатори кој ја отсликуваат економската активност на земјата во одреден временски период, вредноста на финалните добра и услуги произведени во рамки на нашата економија во тековната година се на високо ниво. Активната работна сила во нашата економија, која бара работа изразена преку стапката на невработеност е на историски најниско ниво од 15,9%, со тенденција истата дополнително да се намали како резултат на зголемената економска активност. Минималната нето плата денес изнесува 15 194 денари, што е за 50,7% повисоко ниво споредбено со минималната нето плата од пред 4 години кога истата изнесуваше само 10 080 денари. Водевме развојна политика, а истовремено економијата ни остана стабилна во најтешките моменти за време на пандемијата. Кога се работи домаќински има пари за сите на кои им е потребна помош, државата помага секому.

245212759_236917985143642_6241442547395901871_n.jpg
На локално ниво ставивме акцент на локалната бизнис клима. Токму Кочани е пример за општина за рамномерен локален економски развој која подеднакво инвестира и во градот и во населените места, што придонесува за значително намалување на диспаритетите во и помеѓу населените места во општината, истовремено подобрувајќи го квалитетот на животот на секој жител на општина Кочани. Нашата општина не само што повеќе не е презадолжена,  туку имаме позитивна разлика меѓу планираните, односно наплатените приходи и одобрените средства, односно расходи. Ова е резултат на транспарентното работење во изминатите 4 години, каде според меѓународната заедница сме најдобра општина и пример за домаќинско работење за сите останати во државата. На тој начин ја унапредуваме конкуренцијата, ја зголемуваме ефикасноста на потрошените средства и ги намалуваме заканите од корупција. Само транспарентен процес на јавни набавки им овозможува на граѓаните да бараат отчетност и одговорност од администрацијата и од политичарите, со што растат и нивниот интегритет и довербата во институциите на системот. Создадовме здрава и предвидлива деловна клима, без политички притисоци и репресии.
Затоа на 17 октомври гласајте за градоначалник и советници кои ќе бидат одговорни кон својот народ и нема да блокираат соработка со централната власт.

243369957_245603824185007_6637735232120243214_n.jpg
Ви Благодарам,
Оливер Досевски
Кандидат за советник предложен од СДСМ и коалицијата

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)