Д.Н.(65) од с.Чифлик упатувал закани со остар предмет кон двајца инспектори...

13 Окт 2021
939 пати

На 12.10.2021, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Д.Н.(65) од с.Чифлик, општина Чешиново – Облешево, затоа што околу 11.00 часот во с. Облешево, во близина на сточниот пазар, се однесувал агресивно и упатил закани со остар предмет кон двајца инспектори од Агеницајата за храна и ветеринарство - Подрачна единица Кочани, кои преземале службени дејствија. По комплетирање на случајот против Д.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)