ОК ВМРО ДПМНЕ Кочани - Насекаде гледаме хаос и загубена перспектива...

13 Окт 2021
639 пати

Почитувани сограѓани, Почитувани медиуми, Дали пустошот и црнилото зад мене е најдоброто за мојата Општина? Дали оваа е новата нормалност за мојата Општина? Уште се свежи сликите и сеќавањата на граѓаните од големиот пожар кој му се заканувааше на 2-август оваа година на Кочани. Сведоци сме и на институционалниот одговор на Општината, на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Немаа гориво и редовен сервис за “ер тракторите” така наречените авиони за гасење на шумски пожари. Немаше кординација и брза реакција од надлежните. Чиста среќа и големата масовна мобилизација на граѓаните на Кочани не дозволија да има човечки жртви. Ист одоговор од Оштината и нејзините раководни лица имаше и на 7-ми Август 2020 година кога беа големите поплави во селата Горни и Долни Подлог, и Мојанци каде водата направи голема штета во домаќинствата, посевите, градинарските насади и во складираната сточна храна во амбарите. До каде е постапката за обештетување и исплатата на паричните средства на поплавените имоти? Насекаде гледаме хаос и загубена перспектива. Луѓето се разочарани. Власта тоа го користи и го злоупотребува. Ние имаме знаење и програма со многу проекти. Свесни сме за околностите и одоговорноста која ја превземаме. Затоа ние гарантираме од областа на безбедност и противпожарна заштита на Кочани: • ВОЗИЛА ЗА ТППЕ КОЧАНИ. Застарениот возен парк на ТППЕ налага набавка барем на едно противпожарно возило, кое во наредниот период планираме да го набавиме, за ефикасно извршување на задачите. • За да може ТППЕ да ги извршува квалитетно своите работни задачи потребна е современа и квалитетна опрема, која ќе ја обезбедиме, како би можеле нашите пожарникари заштитени да ги совладуваат предизвиците. • Опрема за рано откривање на шумските пожари во околинта. Создадете нова иднина! Таму лежи шансата за промени, Нова иднина за секој од вас, за секој дом, семејство, улица и населено место. Со почит, Георгиевски Перо кандидат за советник на советничката листа од редовите на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)